Експлозија потресе трговски центар во Бангкок, има жртви

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Најмалку 15 лица се убиени и околу 80 повредени во експлозија на бомба во центарот на тајландската престолнина Бангкок. Според ТАСС експлозијата била во трговски центар во Бангкок.20150817.uatpgislnn

Според информациите на Ројтерс бомбата експлодирала до храм, кој се наоѓа на прометна раскрсница во градот. На местото пристигнаа десетици амбулантни возила, а блиските станици на метрото се затворени.

“Можам да потврдам дека ова беше бомба. Не знаеме уште од каков вид, бидејќи во моментов извршуваме проверка “, објави портпаролот на тајландската полиција Правут Тавонсири.