Ван Хојте: Имавме солидна и интересна дискусија

од desk3
75 прегледи

Заврши средбата на претставниците на политичките партии на која се разговараше за специјалниот јавен обвинител.

11798067_10204916854697472_1968667_n

На средбата присуствуваше белгискиот експерт и олеснувач Питер ван Хојте.

Како што јави „Телма“, претставниците на партиите по состаникот заминале без да соопштат детали, додека пак белгискиот олеснувач дискусијата ја нарекол солидна и интересна.

– Денеска не можам да дадам никаков коментар. Имаше многу интересна, многу солидна дискусија, но не можам ништо да коментирам, извинете заради тоа – рекол белгискиот експерт.

Се очекува во петок партиите ќе почнат конкретни разговори за законско врамување на функцијата на специјалниот обвинител, вклучувајќи го изборот, функционирањето и надлежностите.

МЕТА