Палачинките ги доведуваат во искушение и најтврдокорните следбеници на здравиот начин на исхрана. Едноставно нема кој не сака вкусна блага палачинка. Но, тие повеќе не мора да значат и многу калории и дебелеење. Ви претставуваме рецепт со кој на брз, лесен и едноставен начин ќе добиете ем прекрасни палачинки, ем ќе се задржите во форма.
Потребни производи:
40 г. овесни снегулки
Половина лажичка цимет
2 јајца
3 лажици млеко
Подготовка:
По желба однапред може да изберете овесни снегулки. Ставете ги во чинија и кон нив додадете ги јајцата, циметот и млекото. Измешајте добро и загрејте на шпоретот тава со нелеплив слој. Со помош на лажица почнете да ставате од смесата во тавата и обликувате мали палачинки.
Палачинките се готови за неколку минути. По желба на состојките може да додадете нискомаслена урда за соленост. Може да ги сервирате палачинките со јаворов сируп, мед или само со свежо овошје.