Неизвесно е кога Основниот суд Скопје 1 ќе донесе одлука дали да го прифати предлогот на скопското обвинителство за одмрзнување на банкарските сметки на Макпетрол-информира Телма
Со оглед на тоа што не се работи за нов предлог на обвинителството туку за усвојување на жалбата на Макпетрол, да се преиначи првичната одлука и да се деблокираат сметките, сега не е надлежен судијата на претходна постапка туку одлуката се префрла во рацете на Големиот кривичен совет.
Овој совет за сега нема донесено одлука, иако јавното обвинителство му ги доставило сите документи и сознанија, кои влијаеле на барањето за одмрзнување на сметките на Макпетрол. За сега, судот не побарал дополнителни докази и нејасно е зошто се пролонгира одлучувањето по предлогот на основното јавно обвинителство. Според законот, кривичниот совет нема рок во кој треба да се изјасни така што неизвесно е кога ќе ја донесе одлуката.
Повеќе ТУКА
