“Како ѓавол од темјан”- големите партии бегаат од отворени листи

од desk3
143 прегледи

Отворени листи и една изборна единица се двете идеи кои се туркаат во јавноста, првата и од невладиниот сектор, а втората, пак, од помалите политички партии, за кои засега изгледа дека нема заинтересираност кај четирите поголеми партии кои периодов ги договараат реформите- анализира РСЕ.

избори

Ивон Величковски, претседател на ЛП, една од помалите партии кои ја застапуваат идејата за една изборна единица, вели дека ја разбирал незаинтересираноста на власта, но, како што додава, не и на опозицијата.
„Со сите симулации јасно е дека со една изборна единица и отворени листи ВМРО-ДПМНЕ губи најмалку десет до 15 пратеници. Можам да го разберам стравот на власта, но неприфатливо е СДСМ да не го протежира овој модел ако се знае стартната придобивка. Истовремено, отворените листи нудат можност граѓаните да си гласаат и за партијата што ја преферираат и за луѓето во партијата што сакаат да ги видат во собраниските столчиња“, вели Величковски.
И граѓанската асоцијација МОСТ која деновиве излезе со своја анализа препорача да се разгледа можноста за воведување модел со отворени листи, бидејќи меѓу другото со тоа би се натерале пратениците да бидат што поактивни во периодот помеѓу два изборни циклуса, со цел да добијат што повеќе гласови на следните избори. Но, МОСТ посочува дека негативната страна на тоа Македонија да биде една изборна единица е тоа што се намалувала поврзаноста на пратениците со граѓаните, а би бил неопходен и праг на излезност.

Повеќе ТУКА