Северна Кореја се подготвува за употреба на ракети со мал и среден дострел-информира агенција Ренхап, повикувајќи се извор од владата.
Постојат знаци дека Северна Кореја е подготвено за лансирање ракети со мал дострел од типот “Скад” околу градот Вонсан, североисточниот дел на земјата и ракети со среден дострел од типот “Нодон” во провинцијата Пхенан-Пукто, наведува изворот, остане анонимен.
Заклучоците биле направени од анализата на податоците заедно со радарскиот систем на САД. “Веројатно, Северна Кореја ги пресметаа роковите за истрелување, поаѓајќи од своите стратешки цели во позадината на зголемувањето на воената тензија на Корејскиот полуостров до највисоко ниво”, коментира изворот пред Агенцијата.
На Корејскиот полуостров повторно е “жешко”, особено откако Северот и Југот си “разменија” бомбардирањето вчера.
Во четвртокот Северна и Јужна Кореја стигнаа до судир во западниот дел на демилитализираната зона. Јужна Кореја изјави дека од страна на Северна Кореја се истрелани две гранати.
Од своја страна Пјонгјанг го негираше ова и инсистира на верзијата дека истрелите дошле од југот.
Северна Кореја постави и 48-часовен ултиматум звучниците во демилитаризираната зона, со кои Јужна Кореја спроведува пропаганда, да бидат повлечени.
Утрово стана јасно дека Ким Џонг Ун издаде наредба за доведување на војската во целосна борбена готовност.
Јужна Кореја пак денеска регистрира нови истрели од Северна Кореја, а радар на 21. пешадиска дивизија ја проследи траекторијата на мала летачка цел, објави денеска весникот „Чунан илбо“, пренесува ТАСС.
Радарите открија истрелана од Северна Кореја цел, што се движела по балистичка траекторија. Моментално војската на Јужна Кореја се обидува да изврши идентификација, пишува весникот.
Според извори блиски до весникот станува збор најверојатно за артилериска граната или слична муниција.
Претседателката на Јужна Кореја Парк Гуен-хе изврши вонредна проверка на готовноста на војската во база во градот Јонин, на околу 40 километри од Сеул. Ненајавената посета доаѓа во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров.
Јужна Кореја во врска со тензичната ситуација на полуостровот е во постојан контакт со САД и други држави. – Владата ни претстави детали за ситуацијата со истрелите на други земји, како и на ОН. Моментално разгледуваме мерки за спречување на евентуални провокации од Север, изјави портпаролот во Сеул, додавајќи дека најмногу контактираат со САД врз основа на билатералната соработка во одбраната.
