(ВИДЕО) Порака до Заев: Прво не ни го земаа тутунот, а по бомбите ни го бараа…

од desk3
90 прегледи

 

-Издржи, не си сам.
Со ваква порака беше пречекан претседателот Зоран Заев во Велес, а како што следуваа ракувањата, зборовите се повторуваа. Претседателот Заев во велешко беше со потпретседателката Фросина Ременски и со членовите на Извршниот одбор Драган Тевдовски и Петар Атанасов, придружувани од општинското раководство на СДСМ.

Zaev Veles1

Граѓаните најмногу зборуваат за немаштијата што им ги окупира и мислите и домовите. Секој втор од нив прашува дали има спас од извршителите и арачот што ги дотолчува.

Zaev Veles2

-Тоа е модерна пљачка и ќе ја укинеме, им вели претседателот Заев, а од лицата се слушаат воздишки на немоќ и надеж.

Посетата продолжи во две големи села, Иванковци и Бузалково.
Во првото, Иванковци има околу 200 куќи. Порано биле 300, но сега на празните има клуч.
Луѓето или избегале во странство или во град.

Zaev Veles3

-Зборуваат нон стоп за вработени, кај се вработените, еден запослен од Иванковци нема, коментира еден човек.

-Житото не се откупува, грозјето не се откупува, дали паметиме вакво нешто, прашува низ солзи друг жител. Потоа следуваа низа поплаки. Немаат вода. Покажува накај патот, бил реновиран, сега е со дупки, а очекуваат зимата да се распадне. Тоа ги плаши.

-60 години не се случило да немаме лекар, сега за инекција одиме во Велес, се жали жител.

Zaev Veles6

-Лекари нема бидејки избегаа по странство. Платата на врвен специјалист тука е помала од платата на некој од медицинскиот персонал вработен со партиска книшка, објаснува претседателот Заев. Ги прашува:

-Ќе менуваме нешто или не? `Не боли за нашите деца или не?

Zaev Veles9

Претседателот Заев замина од Иванковци со благослов и поддршка, а така беше пречекан и во Бузалково. Националноста е различна но проблемите се исти. И во ова село се егзистира од тутун и од жито. И овде тутунот им го земаат за 40 денари килограм. И тука луѓето едвај врзуваат крај со крај.

-8 хектари тутун од лани ми стои неоткупен. Jас живеам во Белгија, во Брисел, носат списоци на починати од Македонија, а јас жив не сум на список, ми велат не постоиш, кажува човекот.

Zaev Veles8

Претседателот Заев им кажува дека и самиот бил земјоделец, знае каква е земјоделската мака и дека сплотени, со единство може да се сменат работите.

-Имам информација дека два дена пред да дојдам по селата шетале луѓе пратени од власта со инспектори за да заплашуваат. Да знаете и вие а и тие, да не биде дека не е кажано, ова не смејат да го прават, ова е казниво по закон и за тоа се оди во затвор, порача претседателот Заев.

Посетата заврши во Којник, во едно од најстарите и најпознатите маала во Велес.

-Груевски ќе биде историја, но важно е во кој правец ќе се движиме како држава. Овде сме чесно и пријателски да ги слушнеме вашите предлози за да ги вградиме во Програмата. Овие месеци пред нас ја трасираме иднината на државата, рече во обраќањето претседателот на СДСМ, Зоран Заев.