Поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев, смета дека скоро 5 милијарди е негативно салдото меѓу она што Македонија го чува надвор како имот и она што странците го поседуваат и побаруваат во Македонија-пренесува РСЕ. Условите кои им се даваат на странските компании со цел да го инвестираат својот капитал тука се полоши од капитализмот и не се добри за македонските.
„Македонија едноставно се распродава, јас едноставно не разбирам како може да е добро за Македонија да им се дадат сите тие ресурси, сите тие гаранции на странски инвеститори, тие да платат минимална плата до 9.000 -10.000 денари и тоа да биде среќа за Македонија и тоа да биде прогласено за успех. Кој денеска може да живее со 9.000 денари? Секојдневно се фалат дека тоа е добро и дека има резултат, меѓутоа резултатот е огромна сиромаштија во Република Македонија. Ние сме со највисок процент на сиромаштија, не само во Европа, туку и во споредба со многу земји во светот. Ние сме земја со најголема нееднаквост во Европа и не само во Европа. Нееднаквоста во Македонија е веќе иста со најнееднаквите земји во Латинска Америка и во Африка.-вели Гошев
Повеќе ТУКА
