СДСМ: Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии

од desk3
110 прегледи

сдсм седисте
Стабилна Влада се обезбедува на слободни фер и регуларни избори, на коишто граѓаните без закани и уцени ќе ја изразат својата волја.

Никола Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонија да биде една изборна единица.

Можеби, дека му се растура шемата на крадење избори?!

Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии.

Денешната негова изјава доликува на дил ориентед политичар каков што е Груевски, кој од очај стана мета на потсмев.