Хеликоптери на бугарската гранична полиција почнаа да ја надлетуваат бугарско-македонската и дел од бугарско-грчката граница за да ја следат ситуацијата со се поглемиот прилив на бегалци од Блискиот исток во Грција и во Македонија.

Бугарската полиција соопшти дека во Бугарија во последните 24 часа задржала 20 лица на зелената граница и две на границата помеѓу Бугарија и Турција.
„На излезот на бугарско-српската граница задржани се 36 лица, а на граничниот премин Кардам на границата со Романија шест лица“, соопшти бугарската полиција.