На берзите во Југоисточна Азија цената на нафтата од сортата Brent паднаа до 45.02 долари за барел, пренесе ББС.
Вредноста на Тексас нафта WTI исто така се намали – до 39.85 долари за барел.
Ова се најниски показатели од март 2009 година.
Главните берзи индекси исто така забележаа пад.
Токиската берза отвори со пад за 2,44%, а оваа во Хонг Конг – со повеќе од 3%. Падот на на Шангајската берза е над 5%.
Денес се очекува да има силен пад на рубљата, поврзан со поскапувањето на американскиот долар во однос на другите валути, пишува Утро.ру.
Сајтот го цитира началникот на дилерската оддел на Металинвистбанк Сергеј Романчук, кој вели: “Инвеститорите ќе сакаат да се ослободат од своите акции и да ги пренесат своите средства во валута, а сега на доларот се перцепира како најсигурен.”
Според неговите зборови, наглото паѓање на рубљата се видело уште во петокот, кога падна пак до 69 рубљи за долар. Се очекува, сепак овој тренд да продолжи и во понеделник-вторник да стигне до 75-85 рубљи за долар.

