Бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов доаѓа денеска во Македонија, јавија бугарските медеиму. Заедно со македонскиот, албанскиот и австрискиот колега тој ќе ја посети границата со Грција, каде што продолжуваат тензиите со приливот на имигранти. За кризата со бегалците ќе разговараат денеска во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.

Од Гевгелија имигрантите ќе бидат превезувани со возови директно кон српската граница.
Меѓународни хуманитарни организации предупредуваат за драматично зголемување на бројот на имигрантите, кои ќе дојдат во наредните денови од грчките острови.