Полицијата и хуманитарните организации поставуваат шатори во кои им се издаваат потребните документи и помош на мигрантите на самата граница. Во Гевгелија веќе нема големи турканици, јавува репортерот на РСЕ

Непосредно пред дивиот граничен премин со Грција забрзано се подготвува прифатен центар за бегалците, а во него веќе се поставени шатори на полицијата и на хуманитарни организации во кои се издаваат потребните документи и им се пружа помош на луѓето. Оние кои ќе ги добијат, подоцна заминуваат со возови, автобуси или такси кон Табановце, па и состојбата на и околу железничката станица во Гевгелија е далеку подобра и ги нема илјадниците изморени мигранти.
Во првиот момент кога беа преземени мерките, организацијата беше катастрофално слаба и затоа дојде до таква напната ситуација. Со минување на времето, а претпоставувам увидувајќи ги сите недостатоци, државните органи ги преземаа сите мерки што беа потребни и затоа во овој момент имаме порелаксирана ситуација
Сето ова доаѓа откако беше прогласена кризна состојба, па првите два дена полицијата употреби и шок бомби за растерување на толпата од илјадници бегалци кои чекаа да влезат во земјава на дивиот премин, јави РСЕ