Заев за специјалниот обвинител: Ако нема правда нема ни мир!

од Vladimir Zorba
120 прегледи

 

Јас сум убеден дека роковите ќе се испочитуваат. Законското решение веќе се разгледува помеѓу сите партии коишто учествуваат во работните групи а тука е и меѓународната заедница. Јас очекувам веќе до први септември да помине на работна група за да може веднаш да влезе во парламентот, да се изгласа законот, а до 15-ти најдоцна да се избере името на Специјалниот обвинител порача денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев

Заев: Не може Влада предводена од Груевски да ги организира изборите

 

Заради тоа негуваме голема надеж, не само ние како опозиција туку и граѓаните, дека ќе ги отвори овие процеси, ќе ја донесе правдата и согласно одлуките за Специјалниот обвинител и вистинската личност којашто треба да се избере ќе се превземат и првите чекори за враќање во нормала на судството. Мораме да создадеме независни правосудни системи во Република Македонија. Ако нема правда, нема ни мир, нема иднина, нема надеж. Правдата подеднакво мора да биде загарантирана за сите во државата.