Терористи ја разнесоа гасната алтернатива на ЕУ

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Разнесен е  гасоводот Баку-Тбилиси-Ерзерум на кој во иднина треба да потече азерскиотт гас од наоѓалишта во Каспиското Море во “Јужниот гасен коридор” за земјите од Европската унија. .Делницата е клучна за енергетската безбедност на ЕУ и без неа не е можно какво и да било снабдување со алтернативното  “сино гориво”.

гГАС ЕСПЛОЗ

Група терористи ја разнесле  линијата  на гасоводот во областа на турската провинција Карс. Од локалната администрација изјавија дека терористичкиот напад е “организиран од борци на Курдската работничка партија / ПКК /”.

Експлозијата се случи доцна синоќа , во нападот учествувале околу 20 борци. Според податоците на локалната телевизија транспортот на гас е прекинат и во моментов  се праваат обиди за гаснење на огнот

На местото на инцидентот пристигнале силите за безбедност. Сите блиски области се контролираат од жандармеријата и војската. Пријавените се и  престрелки со борците.

Гасоводот Баку-Тбилиси-Ерзерум / Јужнокавказкиот гасовод / беше официјално отворен на 25 март 2007 година Дијаметарот на цевководот е 42 , должината е 970 км / 442 км во Азербејџан, 248 километри во Грузија и 280 километри од грузиско-турската граница до Ерзерум /. Во него се предвидува да се транспортира “синото гориво” / 16 милијарди кубни метри /, кое ќе биде произведено во рамките на проектот “Шах Дениз-2” во 2019-2020 година Од Баку-Тбилиси-Ерзерум природниот гас ќе влегува во Трансанатолскиот гасовод / ТАНАП / и 6 милијарди ќе остане за потребите на Турција.

Останатите 10 милијарди ќе достигнат до Грција и од таму по Трансадриатическиот гасовод / ТАП / ќе одат за земјите од Европската унија. Од Грција ќе биде направено едно рачвање за Бугарија, која веќе е договорено да добива околу 1 милијарда кубни метри азерски гас.Проектот за овој интерконектор постои од 2009 година и требаше да биде готов пред неколку години, но крајниот рок за неговото стартување беше постојано одложувано.

“Шах Дениз-” е најголемото азерско наоѓалиште на природен гас во Каспиското Море.Неговите докажани резерви се околу 1,2-1,4 трилиони кубни метри За апсорбирањето на втората фаза и изградбата на соодветната инфраструктура се потребни инвестиции од над 45 милијарди долари, кои треба да бидат обезбедени од страна на операторот “Бритиш петролеум” , во кој  конзорциум влегува и руската “Лукоил”.

Европската унија го  разгледува азерскиот гас од “Шах Дениз” како клучен за својата енергетска независност од Русија. Според Брисел “Јужниот гасен коридор”, кој ќе добива гас од експлозија Баку-Тбилиси-Ерзерум, може да гарантира енергетската безбедност на земјите од Југоисточна и Централна Европа, вклучително и на Балканот