Грција и натаму е без влада, “Нова демократија” го врати мандатот

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Лидерот на грчките конзервативци од “Нова демократија”, Евангелос Меимаракис, не успеа да состави влада и го  врати мандат. Тоа значи дека доаѓа редот на отцепените од СИРИЗА, кои треба формираат нова партија и се трета политичка сила во парламентот.

20150825.xebruipoxg

Дел од партиите дури одбија да се сретнат и да преговараат со лидерот на конзервативците. Главните обвиненија се против премиерот во оставка Алексис Ципрас, кој, како лидер на СИРИЗА, одби да учествува во консултациите. Во распоредот на политичките сили во сегашниот парламент во Атина е невозможно да се состави некаква коалиција без учество на СИРИЗА. Опозицијата се обидува да добие на време за предизборна кампања и реално се водат преговори за обединување на силите по гласови, коментираат  денеска грчките медиуми. Денес прелиминарниот мандат  го добива новоформираната партија “Национално единство”, во која се вклучија пратениците кои ја напуштиле СИРИЗА. Тие се се поголем број и станаа трета политичка сила во парламентот, и дојдоа до  можноста за мандат нпред  десничарските од “Златна зора”.Поранешниот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, кој ја предводи новата партија, исто така има три дена за формирање на влада, но не се очекува да  постигне резултат, дури од СИРИЗА и  одбиваат консултации со него.Неговите поранешни колеги го обвинуваат за распадот на владејачката партија.

Се очекува во четвртокот претседателот да го објави датумот на изборите, најверојатно за 20 септември, а дотогаш ќе се состави службена влада во Атина.Грчкиот премиер Алексис Ципрас се наоѓа далеку од својата цел да постигне изборен резултат кој ќе му овозможи да формира самостојна влада. Ова го покажуваат резултатите на тајно анкета спроведена за сметка на грчка политичка партија што ги  открива германското издание Bild.

Според него процентот на одобрение за СИРИЗА до денес е 28 отсто, далеку под 36-те со кои радикалната левица ја освои власта на 25 јануари.

Во исто време поддршката кон Нова демократија расте и е на пат да го достигне онаа на СИРИЗА со 25 проценти од позитивното мислење на учесниците.

На трето место е новоформираната партија Национално единство на поранешниот министер за реорганизација на производството и поранешен лидер на Левата платформа во СИРИЗА Панајотис Лафазанис со 8 отсто. Според истражувањето коалициски партнер на СИРИЗА – Независни Грци и ПАСОК тешко ќе ја минат  бариерата од 3 отсто, за да влезат во следниот парламент.