На Балканот сеуште градат споменици, потсетуваат на нешто измеѓу Холивуд и Мадам Тисо. Таму горат од желба да се здобијат со престижни амблеми – ако може како западните, ама да излезе поевтино.
Не го делам ставот на оние образовани елити кои го употребуваат поимот “кич”, за да го изразат презирот кон простодушните народен вкус. За мене кичот е нешто многу поважно: тој ја поставува насоката на глобалната имитација во модерниот свет.
Како се одвива овој процес ли? Прво, одредени културни амблеми акумулира меѓународен престиж благодарение на човечката и медиумска размена, а најмногу – поради постепена трансформација на планетата во единствен економски систем.
Престиж значи астрономски цени, сложени естетски толкувања, масовен туристички интерес. Во овој нов, меѓусебен свет не го цениш нсамо она што изразува длабоки вредности на твојата сопствена култура. Цениш нешто што другите го ценат. Во следната фаза оние периферни народи, кои не успеале да натрупаат богатства и авторитет, посакуваат сами да се здобијат со најпрестижните амблеми и така да се присоединат кон другите. Ама ако може да излезе поевтино. И постапуваат исто како сиромашните граѓани насекаде во светот: бидејќи не можат да си дозволат патување во Венеција, тие ја красат дневната соба со светлечка гондола. “И ти можеш” – ова демократско ветување се реализира бидејќи да се каже естетски: и ти можеш да стекнеш амблем. Во меѓувреме мрдањето за убавата форма од местото и значењето ја прави површинска, слатка, бесмислена.
Производството на кич како културна политика
Балканот – најстарата периферија на модернизацијата во Европа – веќе повеќе од 1 век воздигна производството на кич во културна политика. Да се избрише омразата и да се дотрча до престижното странско – ете ја суштината на националната изградба тука. Меѓу арсеналот: бронзени владетели на коњ и советски генерали (за соодветниот дел на регионот), оперски сали во барок стил и академско сликарство, национални митови и национални поети-митотворци. Увезените амблеми, пренесени во една поинаква реалност, добиваат еден малку декоративен вкус – пример свечениот барокен парламент во Тирана, каде што до 90-те немаше особено интензивен парламентарен живот, или пак монументалната Грчка национална банка која одново и одново е на праг на банкрот.
И Македонија се обидува да освои место под сонцето на историјата
Некои индустрии на шега имаат посложена траекторија: Западот е откриен на местото со специфики кои локалните луѓе ги препознават како профитабилни и почнуваат гордо да враќаат на истиот Запад како стока за извоз. Грчката антика и турскиот Ориент, откриени од образована Европа во 19 век, стана предмет на масовни индустрии. Ќе ги следат романскиот фолклор во 30-тите и бугарскиот во 60-тите. Ќе речете: Што е поавтентично од фолклорот? Работата е дека моделот на самофолклоризирање е доведен пак од Запад – во времето на германската романтика. Туристичките народи на периферијата брзаат на забрзани вртежи да го имитираат направеното од другите, прво под раководство на идеолошката држава, потоа – се занесуваат од профитерство на транзицијата.
Споменикот е многу посебен случај на кичести пренесување на празни форми. Бугарија на пример, каде советската армија немше ниту еден истрел, се покри со споменици на “ослободители”, буквално имитирајќи го сталинстичкиот канон. Ги ајдуци, анови, секакви илустрации од учебникот по историја, стигнува едни или други традиции, одамна напуштени од Западна Европа. Некое време имитацијата одеше најчесто по линија на национализмот: ние сме горда нација како европските – ништо, не ги почитуваме институциите и ја презираме сопствената интелигенцијата . Затоа пак можеме да имаме наши херои на плоштадите.
Српскиот Роки и босанскиот Брус Ли
Новата ера ја насочи индустријата на шега кон комерцијалното. Наместо да се мачат да личат високите примероци на херојската модерноста, Балканците се повеќе со задоволство започнуваат да ја имитираат популарната култура. Во Скопје прошетката од железничката станица до мостот над Вардар и чаршијата ви пренесува крај најверојатно претрупан со споменици на метар квадратен простор во светот. Дизајнот на “антиквизацзията” е нешто средно меѓу Холивуд и Мадам Тисо. Целта на младата држава е да освои место под сонцето на историјата меѓу тројца љубоморни соседи кои ја прогласуваат за дел од себе. Сето ова е придружено со барокни орнаменти од стиропор, залепени врз социјалистичките блокови, колоритна-музичка фонтана под Александар Велики и триумфална капија, каква што веќе е укината во 1936-та во “малиот Париз” – Букурешт.
Во Косово поранешниот американски претседател Бил Клинтон, кој ја бомбардираше Србија, беше почесен со цела статуа, која лично отиде да ја открие. А сликите на Буш и Блер се предмет на музејски потхранувања. Самите Срби, пак, кои го преживеале лудилото на неколку војни, се насочија стилиски и тематски кон глобалните херои на популарната култура. Село Житиште се прослави со статуа на Роки од филмот со Силвестер Сталоне. Тргнаа да го отслика Џони Вајсмилер во неговиот роден Чачак поради неговата улога на Тарзан – еден лик кој бил олицетворение на Србинот: започнува со ништо во џунглата и преживува. А со статуата на Брус Ли во Мостар, босанскиот неуспешен обид да го вратат времето назад, кога Србите, Хрватите и Бошњаците биле деца и ги гледале неговите филмови. Објектот опстана три месеци пред да биде вандализиран и отстранет. По турбо-фолк и турбо-капитализмот на 90-тите се појави дури термин за најновата мода: турбо-споменици.
И, се разбира, во секој од овие случаи политичката мотивација на градоначалниците или невладини организации се преплетува со желбата на медиумите да привлечат глобална публика, а на бизнисмените – да си направат реклама. Колку поидиотско е настојувањето, толку поголем е интересот. Така скулптурата на Роки стигна од скромното српско село Житиште во глобалните вести, а локалниот спонзор, производител на кокошки, чии агенти се шетале со пилешки маски меѓу новинарите на денот на отворањето, си набави нечуена реклама.
Особеностите на бугарскиот кич
Во Бугарија специфичен жанр на денешниот балкански кич е масовната изградба на тврдини, финансирани со пари на Европската унија. Изградбата значи: врвови, војници, кули, исфрлувачи измислена од дизајнерана локална легенда и сè друго што сме го виделе во филмовите. Вистински тврдини, само што излегуваат повеќе евтини, бидејќи се градат масовно и типски. 35 такви објектот се изградени досега по сомнителни историски хипотези и покрај протестите на експертската заедница. За повеќето од овие тврдини историјата не задржала дури име, а камоли планови. Обично станува збор за искористување на средства (често пати европската Програма регионален развој), а кога во дадена општина ќе стигнат едни такви пари, заработуваат и градежни компании, и експерти, и корумпирани чиновници, и кој ли не. Дали овие објекти ќе донесат некакви приходи од културен туризам или наскоро ќе ги оптоварат општините со трошоци за одржување? Експертите длабоко се сомневаат дека германскиот турист ќе пројави интерес кон слична бутафорија, каде му се предлага да се маскира во средновековни облека и да се дуелизира со неговата сопруга.
Зошто е така важен кичот на Балканот? Бидејќи елитите се нелегитимни, често истуркани на врвот од уште една социјална тензија, без доволни локални ресурси да ја држат власта во една или друга сфера. Оттука доаѓа и очајната потреба да се зафатата за некакво странство, кое ќе ги легитимира. Туѓата култура, сведена на слатка, евтина форма, е еден вид Страјпс на Паго. Апсурдна иато како перика кои ја носат судиите во поранешните англиски колонии во Африка, за да ја почитуваат британската традиција.

