Опозицијата на први септември се враќа во Собранието, а според информациите пратеникот Горан Сугарески, е предложен за координатор на пратеничката група.

Пратеничката Јагода Шахпаска ќе ја води Комисијата за здравство, Марјанчо Николовски за финансии, Панче Орцев за земјоделство, Хари Локвенец за контрола на УБК, а Горан Мисовски од НСДП треба да ја води Комисијата за надзор на спроведување на следењето на комуникациите, што во претходниот парламентарен состав ја водеше неговиот сопартиец Тито Петковски.
Опозициските пратеници, два дена во Берово, заедно со најтесното раководство на СДСМ и во соработка со фондацијата „Фридрих Еберт“ и со американскиот Национален институт за демократија, го договараа идното собраниско дејствување.