Ван Хауте и натаму е оптимист за преговорите, и за специјалниот обвинител!

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Партиите молчат а најголем оптмизам засега покажува медијаторот,  белгискиот експерт Питер ван Хаутен . И само тој е достапен за јавност и само тој дава изјава.Имаше доблест денеска и да им се извини на новинарите затоа што не е дозволен пристап внатре во објектот каде се преговара.

клуб пратеници

Има напредок во преговорите за изборниот законик и избирачкиот процес, но на партиите е обврската да ги соопштат заклучоците кога тие ќе бидат посигнати, ова е единствената информација која доаѓа од работната  средба по денешните четири часа преговори.

Имаше  интересна и солидна дискусија и има  напредок  во преговорите околу изборниот процесвели Ван Хауте. Тој додаде дека до крајот на неделата се очекува на преговарачка маса да се најде повторно прашањето за специјалниот Јавен обвинител, а средбите најави дека ќе продолжат и во наредните месеци, до почетокот на изборната кампања во февруари.

Преговорите продолжуваат и утре, а како што е познато освен за активната регистрација на гласачи, партиите се блиску до решение и за составот на ДИК, со тоа што се предлага да има 9 члена и тоа три члена да предлага власта, три опозицијата и тројца независни експерти.

Во однос на гласањето на дијаспората, неофицијално партиите се далеку од договор.

За изборот на специјалниот Обвинител според најавите ќе се дикутира в четврток, а според Договорот од Пржино тој треба да биде избран најдоцна до 15 спетември.

Колку за големината на политичарите европскиот преговарачот Ван Хауте, им покажа и еден друг аспект на македоските политичари. Додека тие се кријат во автомобили со затемнети стакла, тој лежерно во клубот на пратениците каде се случуваат преговорите си доаѓа со велосипед.