Во меѓувреме, бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека испраќа војници на бугарската армија кои ќе и помагаат на граничната полиција и до колку е потребно тој број перманентно ќе се засилува.Истовремено пограничните полициски хеликоптери спроведуваат летови над бугарско-македонската граница и над делови од границата со Грција, откако Грција, Македонија, Србија и Унгарија се соочија со прилив на бегалци од Сирија, Авганистан и други земји од Блискиот Исток, чија цел е да отпатуваат во побогатите земји на ЕУ.
И самата Бугарија се соочува со пораст на бројот на бегалците што во неа доаѓаат од Турција, а во изминатите две години 25.000 луѓе аплицирале за азил, според официјалните податоци. Како одговор на тоа, земјата ја зајакна својата гранична полиција, инсталира камери и сензори на движење, и ја продолжува безбедносната ограда што ќе покрие 160 километри од границата со Турција.
