Специјалниот обвинител ќе биде избран од редот на сегашните обвинители

од desk3
110 прегледи

На денешната средба, претставниците на политичките партии треба да ги усогласат своите позиции: дали ќе се оди со нов закон, како што бараат СДСМ и ДУИ, вклучувајќи го и министерот за правда Аднан Јашари, или со измени на постојниот закон за јавно обвинителство, како што предлага ВМРО ДПМНЕ, пишува порталот Призма.

obvinitel-540x405

„Драфт верзијата на законот е добра и таа навистина дава солидна основа за независна работа на специјалниот обвинител, почнувајќи од тимот што треба да го избере до полицајците кои ќе му бидат на располагање“, коментира за БИРН, македонски експерт по право кој имал можност да ја види содржината на работниот текст на законот кој го разгледувале партиските претставници на досегашните средби.

Пред денешната средба, јасна била само една позиција за која се согласиле сите партии: новиот специјален обвинител ќе се избере од редот на сегашните обвинители.

До оваа позиција, како што откриваат партиски извори за БИРН, се дошло откако биле ставени на маса сите опции: дали е уставно обвинителот да биде човек од другите фели, вклучувајќи ги професорите по право, адвокатите или правниците од други професии.

Според сегашните позиции, размислувањата се обвинителот да се бара помеѓу кадрите во Вишото јавно обвинителство во Скопје и Јавното обвинителство на Македонија, а понатаму во тимот на обвинителот би влегле и обвинители од другите подрачја, но и адвокати и професори, како консултанти при водење на истрагите и понатамошното застапување на предметите.

За финално „пеглање“ на текстот на законот за специјалниот обвинител на партиите не им останува многу време, но тоа што веќе се актуелизира во меѓувреме е прашањето: кои судии ќе ги судат предметите што треба да ги процесуира новиот специјален јавен обвинител?

Во сегашните услови на политички договарања, никаде не се спомнува можноста за формирање на ад-хок суд или судско одделение, па оттаму, според сегашната законска поставеност, овие предмети ќе можат да се судат само во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, во одделот кој суди организиран криминал и корупција.

Во овој оддел сега има 8 судии кои судат (4 совети по 2 судии) и двајца судии на претходна постапка (поранешни истражни, кои сега одредуваат притвор, замрзнуваат сметки и имот).

Целиот текст прочитајте го тука