Арогантниот и назадните- ниту една земја од Западен Балкан не го достигна економското ниво од 1989 год.

од desk3
90 прегледи

Едните сметаат дека Балканот се хронично назадничав, а другите – дека Западот е хронично арогантен. Но за тоа не се зборува. Се разменуваат само комплименти. Така ќе биде и на започнатиот во Виена форум за Западен Балкан.

штајнмајер

“Западен Балкан” е нешто како технички термин кој се употребува веќе 17 години. Тоа колективно име ги опфаќа земјите од поранешна Југославија – без Словенија, но плус Албанија. Еден регион, кој на Запад има лоша слава, исто како и за пошироката дефиниција “Балкан”. И обратно – во овие земји самиот Запад има не само обожаватели. Зад овој факт се крие подолга употреба, која денес ги произведува познатите клишеа: едните сметаат дека Балканот е хронично назадничав, другите пак – дека Западот е хронично арогантен и циничен.

Големото лицемерие меѓу Западот и Балканот

На состанокот во Виена за овие клишеа нема да се зборува. Таму сите ќе се преправаат дека само ја повторуваат Берлинскиот средба од минатата година, чија цел беше побрзо вклучување на регионот во ЕУ и забрзување на регионалната соработка. Но вистината е друга. Германија и другите Европејци немаат желба во догледна иднина да ги донесуваат во ЕУ овие недоправени и сиромашните држави. Но продолжуваат неуморно да им ја повторуваат формулацијата, измислена уште во 2003 година на самитот на ЕУ во Солун: “Иднината на балканските земји е во ЕУ”.

Во западните метрополи одамна стравуваат дека кога ќе дојде тој момент, во ЕУ ќе влезат држави со премногу сомнителна буџетска дисциплина по грчки примерок. Недај Боже пак да дојдат до еврозоната! На Запад се плашат уште дека овие кандидати за членство исто така имаат малцинства, кои – како и многу Роми од Бугарија и Романија денес – еден ден ќе сакаат да живеат во Дортмунд, наместо дома, каде што се маргинализирани и ужасно сиромашни.

Точно е и друго: билатералните односи на Србија со Хрватска и со Босна и Херцеговина се влошија уште повеќе во изминатата година, а вина за тоа носат тамошните политичари, кои се уште не се во состојба да ги признаат фактите за војните во 1990-тите години и да ги вградат во историската меморија. Кон ова можеме да го додадеме и следниов парадокс: ЕУ дава пари за мисијата EULEX, чија цел е да помогнат во изградбата на правна држава во европскиот протекторат Косово, а во исто време многу граѓани на Косово бараат азил во Германија.

Ниту една земја од Западен Балкан не го достигна економското ниво од 1989 година. Дури во новата еврочленка Хрватска од 2009 година наваму економијата се намалува, а таму каде стопанските показатели се малку подобри – како што е на пример во Црна Гора и во Македонија – структурите на власта, кои се сметаат за непогрешливи, директно го парализираат политичкиот живот. А ако ја погледнеме денешната состојба во Босна и Херцеговина, со причина треба да се запрашаме: што всушност работи таму Западот за 20 години? Оваа држава не може да се пофали ниту со политичка стабилност, ниту со работна економија.
Очигледно има некоја грешка – и тоа од двете страни на равенката. Во моментов односите меѓу Западот и Западен Балкан навистина личат на некој бесконечен валцер, во кој партнери се арогантни и назадничави.

Но за тоа не се зборува. Се разменуваат само комплименти. Се прават мали чекори, кои потоа се претстават како големи успеси. Во исто време зад сцената на средбата во Виена доминира една тема: бегалците. Претставниците на балканските земји се загрижени од хаосот по трасата меѓу Грција и Унгарија: што да прават земјите од Западен Балкан кои се наоѓаат на транзитната маршрутата на бегалците од една еврочленка (Грција) кон друга еврочленка (Унгарија)? Германија, пак, става сосема друг проблем: над 40% од кандидатите за азил во земјата доаѓаат од Западен Балкан.

Европскиот неуспех на Балканот

Но што и да излезе на крајот од овој сложен политички танц во Виена, Западен Балкан нема да ги добие очекуваните нови економски импулси. Според едно истражување на Универзитетот во Ница, до 2020 година регионот има потреба од барем 110 милијарди евра инвестиции. За таков “помошен пакет” во Западна Европа нема консензус. Така се добива маѓепсан круг: “Ако не сакаат да инвестираат кај мене, јас пак ќе им отидам таму”.

Слабите држави, кои имаат економски силни соседи, имаат потреба од модернизација. Но за оваа модернизација им треба помош, претежно финансиска. Во моментов Германија и ЕУ сигурно со горчина утврдуваат дека нивните инвестиции во земјите од Западен Балкан досега не доведоа до никакво подобрување. Каде ли се помешате со овие инвестиции? Или се фатиле со погрешни луѓе во соодветните земји? Или пак испратиле таму погрешни луѓе? И дали од овие годишни средби има некаква смисла?

Пазарно-стопанските демократии од Западна Европа дефинитивно положија доста напор. Во регионот се излеаја многу пари, иако дел од нив потоа се вратија назад кон Западна Европа. Толку многу пари – и толку мал напредок! Веројатно ова се должи на тенката разлика помеѓу добрите намери и навистина најдобрите акции.

За речиси две децении Западот е главен економски и политички актер на Западен Балкан. Но по неуспехот на некогашна Југославија, сега во регионот се јавува и неуспех на ЕУ. Ова е еден предизвестен неуспех, за кој сепак во Виена нема да стане збор. Но некогаш оваа дискусија треба да се одржи по секоја цена.