Во јули намалени цените на производителите на индустриските производи на домашниот пазар

од desk3
74 прегледи

Drzaven_zavod_za_statistika-5-

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,8 проценти на месечно ниво, односно за 4,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јуни пониски се цените во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти, Енергија за 0,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 проценти и во групата Капитални производи за 0,1 проценти.

Споредено со јули минатата година намалување има во групите Енергија за 10,7 проценти, Капитални производи за 4,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти./МИА