Просечната нето плата во јуни 22.025 денари

од desk3
82 прегледи

plata-564x272

Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија во јуни годинава изнесувала 22.025 денари и е за 3,7 отсто поголема од јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Порастото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата во секторите – Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%).

Намалување на нето платата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите – Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5.0%).

Во јуни годинава, плата не примиле 1.9% од вработените во Република Македонија./МИА