Македонските аналитичари пак со своја порака и до Србија и до Бугарија , речиси едногласни и идентични- Аман не не бранете !

Бугарското ВМРО излезе со став по повод изјавите на српскиот министер за социјала Александар Вулин против распоредувањето на бугарски војници на границата со Македонија.
Според ВМРО Србија нема право на таков начин да се меша во бугарската политика.
Со официјално писмо до претседателот Росен Плевнелиев, премиерот Бојко Борисов и министрите за надворешни работи и одбрана Даниел Митов и Николај Ненчев, ВМРО сака и официјален бугарски одговор против изјавите на српскиот претставник.
Во писмото ВМРО смета дека такво однесување од страна на официјален српски претставник е збунувачки и несоодветно.
Според ВМРО Србија најмалку има право да се изјаснува по слични теми, откако продолжува да одржува сериозно воено присуство, вклучувајќи и ја својата голем база, во непосредна близина на границата со Македонија.
“Токму Србија е последната земја од која Бугарија треба да прифаќа совети во однос на врските со Македонија.Обидот за српска интервенција во овие теми од векови завршува лошо за сите”, нагласуваат националистите.
Во исто време самата Србија, според “војводата”, добро се сеќава со многубројните конфликти на Балканот во последните децении, предизвикани токму од воено-политичка активност на Белград. Затоа и слични изјави, како тоа на министерот Вулин, не можеле да бидат прогласени како нешто различно од неуспешните шега, е мислењето на ВМРО.
Организацијата потсетува дека Бугарија е суверена држава.”Војводата” со години инсистира за сериозен отпор против илегалната имиграција, како и за изградба на заштитни објекти на границите, порачуваат од бугарското ВМРО.
Македонските аналитичари пак со своја порака и до Србија и до Бугарија , речиси едногласни и идентични- Аман не не бранете !