Петдневна временска прогноза

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Во Македонија во петок сончево и топло време со максималните температури кои ќе бидат нешто  повисоки  од вчера. Слаб ветер претежно од северен и североисточен правец, додека во југоисточните и источните предели ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се спуштат до 10 односно до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

images

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 7.

Во деновите од викендот ќе биде претежно сончево и топло.

Во сабота се очекува и појава на локална облачност. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 38 степени.

Во Понеделник и Вторник во  новата седмица ќе продолжи сончевото и потопло време со благ пораст на дневните температури. Во понеделник тие ќе се движат од 29 до 38 степени и ув индекс 8, а во вторник дневните температури ќе се движат во интервалот од 30 до 39 степени и ув индексот со вредност 8.

Weather4all.com.mk