Лето без берикет, скапа зимница- ајварката поскапа од лани

од desk3
117 прегледи

Годинава подготовката на домашен ајвар најверојатно ќе биде луксуз. Според експертите, пиперката куртовска капија годинава поради болести и неповолни климатски услови е со слаб квалитет-информира Алсат.

corina2-v

Земјоделците кои одгледале пиерка ајварка во пластеник со задоволителен квалитет на пазарот ја нудат по 30 денари од килограм на големо. Дека има недостиг на квалитетни пиперки од сортата куртовска капија потврдуваат и производителите но и пазарџиите.

„ Оваа година е тешка. Пиперките се скапи, летото беше без дожд, и нема многу бериќет. Затоа пиперките се скапи. Народот пари нема. Потешко од претходните години.„вели продавач од Бит пазар

„Епа поскапа е од лани пиперакат ама господ не ни даде вода преку дожд. Ние од бензинска земавме гориво па со машини вадевме за да има какви такви пиперки. Нема годинава пиперки како што имало други години. Лани беше 10 денари обичниот пипер сега е 20 па и 25 денари. “- вели произведувачката и продавачка на Бит пазар

Повеќе ТУКА