Цената на медот отиде на 5 евра за 1 кг

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Македонските пчелари годинава ја зголемија цената на медот за 40 %. Една тегла мед се продава по 350 денари или 5 евра.

pchelari-nastoqvat-za-resor-pchelarstvo-v-mzh Пчеларите од земјава кои овие два дена се во Штип велат дека причините за зголемувањето на цената е недостатокот на овој производ на пазарот, зголемените цени на останатите производи, но и новиот начин на производство на мед согласно законските прописи. Причините за се помалку мед на пазарот се се повисоките температури, кои влијаат на пчелите.