Пратениците се претворија во роботи за гласање на власта на Груевски

од Vladimir Zorba
91 прегледи

 Закон за отворени граѓански универзитети за доживотно учење, Закон за поштенски услуги, Закон за научно истражувачка дејност  или 120 закони во  еден ден изгласани во македонскиот парламент,  што е нон сенс и за тие кои ги гласаат и за тие кои ги предлагаат. Се по скратена постапка, на  неолку дена пред да опозицијата се врати во парламентот. САми си ги пишуваат , сами си ги гласаат без дебата , молчешкум. Очигледно е дека на власат на ВМРО ДПМНЕ , воопшто не и недостасувала  опозицијата во парламентот , ниту пак на пратениците, кога толку здушно се согласија да го прават овој преседан во демократијата и носење или  дополнување на законите.Sednica-za-nova-vlada-01-Custom-520x346

Пратениците кои јавно велат дека не се само машина за гласање на Груевски ,  не се засрамија да гласаат и никој не се обиде да побара да се почека да се врати опозицијата , барем колку за надополнување на тие закони кои си ги гласаат без да се посомневаат, или барем да ги прочитаат.

Дел од експертите се сомневаат дали пратениците воопшто знаат што изгласуваат и какви се крајните ефекти од тие закони.И поранешни пратеници велат дека не е возможно да се изгласа квалитетен и применлив закон без дебата – само преку механичко гласање.

Од опозициската СДСМ пак во својата реакција наведуваат дека целта на власта е само да ги покрие своите бизнис интереси и од тука потребата за итно носење на сите овие закони. Во реакцијата тие најавуваат и ревизија на овие закони.

Очигледен е стравот на ВМРО ДПМНЕ од враќањето на СДСМ во парламентот и законите ги гласаат по експресен пат. Под превезот дека се носат за добро на граѓаните всушност се во функција да ги штити нивните бизнис интереси. Во април после изборите, кога СДСМ ќе дојде на власт сите овие закони ќе ги ревидираме, велат од СДСМ.

И ако се собере целото искуство ососбено последната дебата на опозицијата, по што  го напуштија парламентот, ескалацијата на 24 декамври 2012 година – кога буџетот беше изгласан  откако со тепачки опозицијата беше исфрлена од парламентот, многу веројатно е дека ќе се случуваат слични инциденти. Не се исклучени и нови тепачки велат експертите затоа што овие „ пратеници“ на власта се научија на слепо гласање, извршување , на глумење дебата,  која опзицијата нема да им ја прифати.

Впрочем   вистински парламент како коректив на Владата никогаш не бил посакуван и  не профункционирал со оваа власт, така што дали комплетирањето на парламентот ќе значи нов квалитет или токму тоа ќе биде повод за уривање на истиот тој сега узурпиран  парламент,  се очекува да се види. Во меѓувреме  претседателот  Трајко Вељановски и пратениците нема да запрат да ги уриваат рекордите заедно со уривањето на пратеничкиот дигнитет и дигнитетот на институцијата.