Цената на дрвата расте- Македонски шуми со лицитирање ќе го продаваат огревното дрво

од desk3
118 прегледи

Државата преку Македонски шуми со лицитирање ќе продава огревно, опожарено и декласирано дрво-информира ТВ Ал сат.

огревни_дрва

На овој начин според првиот човек на Македонски шуми Жарко Караџовски се очекува да се надомести недостатокот од дрвна маса во приватните складови, а граѓаните кои сакаат да купат огревно дрво за престојната сезона ќе може навреме да се снабдат со огрев. За да не се качува цената на дрвата државата планира да стави ограничување на фирмите, дрвата кои ќе ги купат преку лицитирање од Македонски шуми да не ги продаваат поскапо од 2900 денари.

 

Повеќе ТУКА