Владата утре планира да се задолжи околу 6,6 милиони евра по пат на продажба на две емисии едногодишни државни обврзници. Планираната сума за задолжување е за околу 1,3 милиони евра поголема од вкупниот долг што и доспева за враќање во среда неделава, 5,3 милиони евра.

Министерството за финансии ќе плати камата од 1,7 отсто за денарските обврзници со кои планиран да прибере околу 5,8 милиони евра и 1,5 отсто камата за евро-обврзниците проектирани на 813 илјади евра.
Иако за владните обврзници добиваат значително помала камата, сепак банките се заинтересирани да и позајмуваат на Владата. Таа им плаќа речиси три пати пониска камата споредено со каматата што ја дава Народната банка на Македонија за издадените благајнички записи (3,6 отсто) или дури четири пати помалку од камата на евро-обврзницата на Македонија на меѓународниот пазар која во крајот на минатата недела чинеше 4,6 отсто.
Во месечниот календар за државните обврзници на Министерството за финасии стои дека во септември доспеваат за враќање вкупно 40,8 милиони евра./БК