
Девизните резерви, според објавените податоци на Народната банка на Република Македонија, заклучно со 31 јули 2015 година изнесуваат 2.198,31 милиони евра.
Според објавените податоци на НБРМ од нив девизни резерви во конвертабилни странски валути се 1.977,90 милиони евра, во хартии од вредност 1.736,79 милиони евра и во валути и депозити кај банки се 241,11 милиони евра.
Народната банка на Република Македонија денеска објави и податоци за странските директни инвестиции во земјава кои изнесуваат од јануари до јуни годинава 121,35 милиони евра.