„Скопје 2014“ достигна над 600 милиони евра!

од desk3
99 прегледи

Сумата на потрошени јавни пари за проектот „Скопје 2014“, според базата на податоцишто БИРН ја отвори за јавноста пред околу еден месец, достигна над 600 милиони евра, објави порталот Призма.

Базата на податоци беше објавена на 26 јули, а во последниов месец, врз основа на новата документација, вкупната сума за „Скопје 2014“ се зголеми за дополнителни 40 милиони евра.

454433223-540x220

Денеска, со непосредна спогодба беше зголемен договорот со „Бетон“ за изградба наГрадска куќа за дополнителни 3 милиони евра. За неговата изградба беше најавено дека ќе бидат потрошени 1,4 милиони евра, а изградбата, според договорите, достигна 20 милиони евра. Зголемена е и сумата за катната гаража „Тодор Александров“, која достигна 17,3 милиони евра.

БИРН ќе продолжи да ја надополнува базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ бидејќи голем број капитални објекти во рамките на проектот како што се: споменикот на Мајка Тереза, Панорамско тркало, Телекомуникациската кула на Водно, Градска куќа и многу други се уште се во фаза на изградба и нивната цена постојано се зголемува.