Опозиционерите денеска влегоа во Собранието, ден порано…

од desk3
90 прегледи

На денешното одбележување на соработката меѓу Парламентот и Вестминстер фондацијата за демократија, во Собранието дојдоа и опозициските пратеници. Пратеничката на СДСМ Рената Тренеска Дескоска  се обрати од говорницата пред колегите пратеници од власта , но и пред гостите од странство.

renata-610x400
Според неа македонското Собрание веќе одамна, , не е дом на демократија и плурализам и коректор на власта, туку на извршители на она што таа треба да го спроведе.

За неа девалвацијата на Парламентот почнала уште од 2008 година и кулминирала, како што рече, со исфрлањето на опозицијата од при носењето на буџетот и насилната верификација на мандатите на пратениците од опозицијата иако тие доставиле изјави за неприфаќање на мандатите.

Смета дека сето ова довело до политичка и правна криза која не била решена со договорот од Пржино, туку, како што рече, создал само рамка за нејзино решавање.

– За целосно решавање потребно е рамката да се исполни со содржина, да се имплементира во предвидените рокови и да се создат услови за фер и демократски избори, а потоа и системот да се реформира, рече Тренеска Дескоска.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери, пак, смета дека постигнатиот договор и она што како решенија произлегува од него треба да биде не само во согласност на двете партии од македонската етничка заедница, туку и на другите заедници за кризата да не прерасне од интраетничка во интеретничка.

Додаде дека по наредните избори треба да се прекине со праксата на предвремени избори и земјата да влезе во редовни изборни циклуси.

Македонија, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски, се уште е млада парламентарна демократија коа има наследство од еден еднопартиски систем во кој плурализмот слободата на мислата идеите и застапувањето на различните интереси биле забранета димензија.

Ние, рече, се уште имаме потреба да разбереме дека Собрание значи собир на различни луѓе, идеи, мисли и интереси. Треба да се научиме конечно, додаде Димовски, дека монополот на мислата и идејата и на одлуката во македонското Собрание не го носи никој, туку се носи врз база на една утврдена процедура правила и меѓусебна почит.