Меркел предупреди за крахот на ЕУ

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Европа треба да донесе одлука како да се справи со пристигнуваат бегалци и мигранти, пренесе ВВС.

20150901.fluulexjsu

“Ако Европа пропадне по прашањето со бегалците, тогаш тоа нема да е таа Европа, за која сонуваме “, посочи канцеларката , истакнувајќи дека европските земји треба да го  поделат товарот. Изјавата уследи откако австриските власти уапсија петмина осомничени шверцери на луѓе по источната граница на земјата.

Во четвртокот 71 умрени мигранти беа пронајдени во близина на границата на Австрија со Унгарија. Австриската полиција соопшти дека во текот на ноќта открила уште 200 живи мигранти. “Ако не се договориме за правична распределба на бегалците, тогаш прашањето за иднината на Шенген ќе стане повторно дел од агендата”, рече уште Ангела Меркел за време на прес-конференција во Берлин .

Од почетокот на годината во ЕУ избувнаа низа скандали поврзани со илегалните мигранти кои се обидуваат да стигнат до земјите од Западна Европа.Распределбата  помеѓу страните на континентот буди бројни спорови  и несогласувања меѓу нив.