Новинарите кои ја следат работата на инспекцијата која врши надзор на објектот на ВМРО-ДПМНЕ не се пуштени внатре во зградата.-јави А1он.
Влез е дозволен само за инспекторите од општина Центар. Засега, пред зградата останаа и претставниците на ОБСЕ.
Претходно, Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола.
