Амбасадата на САД во државава, ги повика Владата и сите политички партии да оневозможат било какви дејствија што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со потполна автономија.
Од таму велат дека “сите делови од договорите од 2 јуни и 15 јули мора да се имплементираат, за Македонија да може да ја реши и да ја надмине политичката криза. Ја повикуваме Владата на Македонија и сите политички партии да оневозможат било какви дејствија што би ја попречиле можноста специјалниот обвинител да дејствува со потполна автономија, како што повикуваат двата договори. Веруваме на веродостојно разгледување на случаите кои се поврзани со, или пак произлегуваат од следењето на комуникациите, е од најдобар интерес за сите партии и за граѓаните на Македонија. Очекуваме сите судски постапки во Македонија да се спроведат почитувајќи ги во потполност принципите на националното и меѓународното право, вклучувајќи ја и релевантната судска пракса според Европската конвенција за човекови права”, реагира амбасадата на САД .
Цаквата реакција доаѓа по вчерашната одлука на Кривичниот суд со која снимките од телефонски разговори поднесени со кривичната пријава од СДСМ против владини претставници, треба да се издвојат како незаконски прибавени докази.