Русија го отфрли предлогот на Франција за ограничување на правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во случај на масовни злосторства, изјави рускиот постојан претставник во ОН, Витали Чуркин.

Чуркин изјави дека предлогот е популистички.
„Ние сме против, тоа не е одржлив предлог. Ако Франција сака да го ограничи својто право на вето, нека го направи тоа – изјави Чуркин.
Тој нагласи дека Русија не планира да си го одземе инструмент, кој му овозможува на Советот да донесуа избалансирани одлуки.
– Отсуството на вето може да доведе до катастрофа – рече рускиот амбасадор, осврнувајќи се на резолуцијата на ОН, во февруари 2011 година, што го отвори патот за воена интервенција во Либија за соборување на тогашниот претседател Муамер Гадафи.
Ова е прв пат руски претставник грубо и јавно ја отфрли француската иницијатива која не се разбуди ентузијазам ни меѓу другите големи сили.
Петте постојани членки на Советот за безбедност, САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија имаат право да стават вето на одлуките во Советот, потсетува француската агенција АФП.
Париз сака да ги убеди другите членки да не се остварува правото на вето кога станува збор за масовни злосторства – геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства.