Алкохолот е еден од забранетите нешта кои влегуваат во “црната листа” на храна и пијалаци, кои никогаш, никогаш не треба да ги конзумирате, додека сте на диета. Всушност во тоа има логика – сепак во една чашка со омилениот пијалок или коктел се содржат многу повеќе калории отколку што дури може да се погоди.
Добрата вест е дека не треба да се чувствувате многу виновни, ако сепак се случи да ја изневерите на диетата со … вино, на пример. Излегува дека според некои истражувања умерената употреба на алкохол, всушност може да даде поттик на вашето слабеење. Повторуваме – умерената употреба, бидејќи токму во неа е клучот.
Во случај дека сѐ уште идејата за алкохол за време на диета ви звучи “премногу добра за да биде вистина”, дознајте кои се причините поради кои спокојно може да испиете чаша вино уште вечерва:
1. Алкохолот може да го забави растот на масните клетки
Во црвеното вино се содржат антиоксиданти, но во прилог на нив и хемикалија наречена елагова киселина. Токму оваа киселина го забавува растот на постоечките масни клетки и ја спречува појавата на нови.
2. Алкохолот му помага на телото да согорува калории
Тој ја зголемува срцевата фреквенција, што пак го подобрува метаболизмот.Според истражувачите овој ефект од конзумирањето на алкохол се набљудува само до еден час по пиењето на последната голтка.
3. Алкохолот ја зголемува температурата на телото
Термогенезата, позната уште како производството на топлинска енергија во организмот, природно го зголемува согорувањето на калории во организмот.

Фото: Istock
4. Телото ви се прилагодува на редовниот внес на алкохол, но во умерени количини
Според истражување жените кои пијат секој ден по едно или две пијачки, се помалку склони да накачуваат тежина во споредба со воздржаните. Експертите се на мислење дека овој факт се должи на адаптацијата на организмот кон алкохолот.
5. Алкохолот помага за регулирање на инсулинот
Звучи лудо, но истражувања покажуваат дека навиката да конзумирате вино вечер всушност може да го спречи развојот на дијабетис. Етанолот помага на организмот да се регулира хормонот инсулин, кој влијае на крвниот шеќер.