Што не знаеме за бричењето?

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Доброто бричење може да се претвори од малку грозен момент до пријатен ритуал за мажите, со кој ќе се започне плоден ден.75002d5fa38dab924f5ab7e262fd8e51

Следете ги овие совети кои ќе ви помогнат да постигнете мазна кожа, без да мора да се справувате со црвенило, порезни рани или каква и да е непријатност потоа.

Додека козметичката индустрија постојано наоѓа решение за нашите секојдневни грижи поврзани со убавината, неприликите со кожата се најчестите проблеми како на мажите така и на жените.

Важно е за посилната половина од човештвото да обрнува точно толку внимание на лицето, како и понежните пријателки.

Ви ги претставуваме работите коитреба  да ги имате предвид при бричење.

1. Часовник

Никогаш не брзајте кога се бричите. Измијте го добро лицето и употребувајте средство кое помага да ги омекнете корените и самите влакненца. Оставете да делува на лицето за барем минута пред да исплакнете. Нанесете пена за бричење, гел или крем. Оставете да дејствува меѓу 2 и 3 минути, а можете во ова време да си ги миете забите, на пример, за да го користите времето.

2. Гел за бричење

Препорачуваме употреба на гел пред пената и кремот. Нанесете мала количина од гелот за бричење на рацете и масирајте на брадата, за да ги подигнете сите влакненца и да го олесните процесот. Покрај тоа, на овој начин ќе се создаде штит меѓу кожата и жилетот, па ќе ја намалите веројатноста од исекотини. Геловите обично се значително помрсни, а прозрачните  даваат можност да пратите точно каде минувате со бричот.

3. Температура

Клучот за доброто бричење е одржување на кожата топла и влажна. Користете навлажнувачки салфетки за да се подготвите пред бричење. Можете да користите сад со топла вода или едноставно поминување со жежок туш пред тоа. Откако сте завршиле со постапката исплакнете со ладна вода, бидејќи таа смирува.

4. Метод

Иако може да се добие глатко бричење ако го користите правецот контра коренот на вашите влакненца, веројатноста за попткожни влакненца така е поголема. Колку повеќе време одделувате за дадена зона, толку поверојатно е да ја иритирате кожата.