
Земјоделците од поширокиот кумановски регион можат да аплицираат за закуп на државно земјоделско земјиште. Повикот што го објави Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство (МЗШВ) се однесува на вкупно 74 хектари, а секој заинтересиран може да поднесе барање за три хектари.
Раководителот на Подрачната единица Насер Даути денеска потсети земјиштето е наменето за подигање долгогодишни насади, овоштарници, лозја, малсинарници, брзорастечки растенија, ливади, рибници,.., на период од 15 до 70 години.
– Заинтересираните можат да се информираат за условите на веб-страницатаата на МЗШВ, но и да побараат детални информации во Подрачната единица, изјави Даути.
Според него, во тек се и јавните повици за доставување понуди за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост до и над три хектари. Понудите треба да се достават во рок од 30 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. /МИА