Комунистичкa Кина ja победил Јапонија пред 70 години. Таков барем беше официјалниот повод за раскошната воена парада вчера во Пекинг. Всушност, земја си припишува заслуга какви нема, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Требаше да поминат 70 години, додека владејачките структури во Кина одлучат дека се должни на свечен начин да ја одбележат “својата победа” над Јапонија во Втората светска војна.
Всушност, гигантското воено шоу немаше речиси никаква врска со историското минато. Годишнината од капитулацијата на Јапонија беше добар изговор за Пекинг да и покаже не само на денешна Јапонија, но и на нејзиниот најголем сојузник САД, дека со Кина никој не смее да се шегува. Слични намери, всушност, онака немало.
Но, во време на зголемена економска несигурност, владетелите во Пекинг очигледно сметаат дека можат да извлечат внатрешнополитички бенефиции, ако покажат моќта и величенственоста на својата татковина. Бенефитот за државните и владините лидери Си Цзинпин беше сосема конкретна – таа му даде можност да се покаже дека власта му е непоколеблива.
Слични демонстрации сепак едвај по вкусот на кинеската елита која во последниве децении е навикна да се обложува на принципите на колективниот управување. Некој ден Си може и да жали за овие егзибиции. Демонстрацијата на сила е нешто што го умеат и останатите членови на кинеското раководство.