Рената Тренеска-Дескоска стана потпретседател на Собранието, без дебата избрани опозициските членови на комисиите

од desk3
101 прегледи

 

Пратеничката на СДСМ Рената Тренеска-Дескоска беше избрана за потпретседател на Собранието на РМ. Изборот на Дескоска беше проследен со низа политички толкувања и тензии околу политичките случувања во државата.

собрание2

Додека Сугаревски зборуваше за тоа со која цел СДСМ и нивните коалициони партнери се вратиле во Собранието, пратениците од власта го исвиркуваа. Претседателот на Собранието неколкупати ги повика да се смират.

– Нашата пратеничка група влезе во Собранието за да се спроведе Договорот од Пржино, кој треба да донесе подобар живот за граѓаните и да создаде услови за фер и демократски избори. Сакаме да кажеме дека најцврсто ќе се држиме до спроведување на Договорот. По криминалните избори, чии резултати не ги признаваме, и насилната верификација на мандатите и по неконстатирањето на оставките, конечно има изгледи за подобри услови за живот на граѓаните. Кулминација на сето тоа беше објавувањето на „бомбите“ во кои имаше индиции за бројни и сериозни кривични дела од власта. Ние тука во Собранието треба да го изгласаме законот за специјалниот јавен обвинител, кој ќе ги истражува „бомбите“ и ќе донесе нов предизвик за државата конечно да тргне напред. Ако не успееме да го завршиме ова, ќе биде само продолжување на оваа агонија. Ние покажавме добра волја и подготвеност, а го очекувам истото од сите пратеници – изјави Сугаревски од собраниската говорница.

Како реакција на говорот на координаторот на СДСМ, Вељаноски рече дека го разбира Сугаревски затоа што морал да им објасни на граѓаните зошто досега не доаѓале на седници и не си ја извршувале должноста.

Без дебата избрание беа и членовите на собраниските комисии од страната на опозицијата.