Британска амбасада: Мора да има независна истрага од специјалниот обвинител за прислушуваните разговори

од desk3
107 прегледи

 
Наводите кои произлегоа од прислушуваните разговори се обемни и многу сериозни. За нив е потребна целосна, независна и транспарентна истрага, порача денеска британската амбасада во Скопје, по одлуката на судот да ги изземе прислушуваните разговори како докази.

british-embasady-skopje1-540x406
„Амбасадорот Гарет не би можел да коментира детали од судската одлука, но истрага мора да има, а за неа ќе биде надлежен специјалниот обвинител договорен од сите страни потписнички на договорот од Пржино. Тој треба да биде назначен до 15 септември и рокот мора да се почитува за да може овој битен процес да продолжи“, се вели во ставот на британската амбасада во Скопје.