Слободан Богоевски, поранешниот шеф на македонската тајна полиција,сега во затвор, сведочел во истрагата за поткуп во „Маѓар телеком“, објави интернет-порталот „Мејн џастис“ (Main justice), специјализиран за инсајдерски вести поврзани со активностите на американското Министерство за правда, вклучувајќи и 94 канцеларии на правобранителите во САД, пренесува Утрински весник.

„Утрински весник“ успеал да дојде до текстот, во кој се вели дека „федерален судија во Њујорк ќе го дозволи писменото сведочење на поранешниот шеф на македонската тајна служба според Актот за странски коруптивни практики во судењето на тројца поранешни извршни директори на унгарската телекомуникациска компанија“. Судијата смета дека проблемите со писмените сведоштва не влијаат негативно на сведочењето, пишува весникот.
Богоевски во сведочењето во американската амбасада во Скопје пред да биде подоцна затворен, соопштува детали на конкретни милионски суми и конкретни имиња, посредници исплати и имиња на македонски политичари и посредници кои ги земале парите. Сите имиња се познати.
Повод за објавувањето на документот од страна на Њујоршкиот суд , е отфрлањето на барањето на тројцата обвинети директори на „Маѓар Телеком“, Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи, да не биде прифатено сведочењето на Богоевски бидејќи немале доволно можност да го испрашаат на вкрстеното сослушување организирано исто така во Амбасадата на САД во Скопје преку видеоконференција, затоа што е затворен од македонските власти.
Повеќе од сторијата на Утрински весник, ОВДЕ.