Потребни производи:
425 г сирење рикота
2 јајца
2 лажици италијански зачин (или медитерански микс)
3 чаши рендана моцарела
1 чаша свежо рендан пармезан
200 г кашкавал
300 г спанаќ
сол и бибер по вкус
1 доза подготвено тесто
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад измешајте ги рикотата, јајцата, зачините, моцарелата, пармезанот и спанаќот. Оставете ги настрана.
Поделете го тестото на 8 парчиња. Исплескајте го секое едно од нив на круг. Ставете од филот врз 4 парчиња тесто. Со останатите 4 покријте ги. Притиснете со вилушка за да се залепи тестото.
Наредете врз подмачкани тави или хартија за печење. Печете во загреана рерна околу 30 минути.