Екс разузнавачот Александар Диневски, осуден на 4,5 години затвор во процесот „Шпион“ од денеска е пуштен да се брани од слобода, јавува „Нова ТВ“.

Судот донесе решение Александар Диневски еднаш да биде пуштен од КПУ Затвор Скопје, да се брани од слобода. Кривичниот совет за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1, смета дека повеќе не постојат причини поради кои мерката притвор била определена и продолжувана.
Диневски, околу две години се држеше во притвор во многу лоша здравствена состојба, беше и хоспитализран на скопските клиники, а семејството повеќе пати алармираше за неговата состојба. Тој има проблеми со дишењето како и сериозни срцеви проблеми. Диневски минатата година штрајкуваше и со глад, потсетува „Нова ТВ“.
Во аферара „Шпион“ беа обвинети 19 лица. На деветмина обвинети што добија повисоки затворски казни, судот им го продолжи притворот до правосилноста на пресудата, а на петмина притворот им е укинат и заменет со алтернативни мерки.
Освен за шпионажа и оддавање државна тајни, дел од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба.