Компанијата “Sphero” го рекреираше симпатичниот Droid од последниот трејлер на сагата “Војна на ѕвездите” во вид на забавна играчка. BB-8 се појавува само за неколку секунди во видеото на новиот филм “Моќта се буди”, но веќе многумина сакаат да поседуваат мал робот кој претставува сфера со слична глава.
Тој ќе е создаден во соработка со компанијата “Дизни”, а неговите функции ќе вклучуваат движење преку магнети и испраќање на пораки. Сопствениците на роботот ќе можат да испраќаат, примаат и гледаат холографски видеа кои може да бидат прикажани преку мобилна апликација.
Според компанијата производител во иднина апликацијата за телефон може да стане многу повеќе од можност зс видео-соопштенија, па се очекува кон него да бидат додадени игри и начини за контролирање и на телото на BB-8. Најинтересно кај екстра малиот робот сепак ќе биде неговата способност да одговара на култните реплики од “Војна на ѕвездите”, како “It’s a trap!”, При што тој ќе паничи и ќе почне да бега.