Последниот Извештај на ММФ кој покажува дека Македонија е во петте најниско задолжени земји и оти странските инвестиции ќе отворат нови 30 илјади работни места е валоризација на работата на Владата и демаскирање на лажната слика која ја претставувала опозицијата дека власта ја презадолжува земјата, дека ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, оцени денеска премиерот Никола Груевски.
Во извештајот, додаде премиерот, ММФ потврди дека Македонија е помеѓу петте најниско задолжени земји во Европа. Со државен долг од околу 36 отсто и јавен долг од околу 43 проценти Македонија, рече Груевски, е држава помеѓу петте најниско задолжени држави.
– Она што е значајно е дека во Извештајот се потврдува дека задолжувањата се правени за крупни капитални инфраструктурни проекти, како што се патишта, железници, енергетски проекти, болници… Мене ми е драго што излезе овој Извештај, бидејќи тој ги негира сите досегашни обвинувања кон Владата дека Владата ја презадолжила земјата, дека наскоро ќе има крах, дека долгот е екстремно висок, дека ние само создаваме некаква привидна слика дека имаме низок долг. Еве сега, веројатно, една од најеминентните институции, можеби најеминентната за ваква работа – ММФ, излезе со извештај со којшто јасно покажува колку е државниот долг, колку е јавниот долг, ги покажува долговите и на другите земји и се гледа дека Македонија со овој државен долг е во првите пет најниско задолжени земји во Европа, потенцира премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новата опрема во ГОБ „8 Септември“.
Меѓу другото во својот извештај ММФ пишува:
Сепак, се очекува растот на БДП во 2015 година до умерена до 3,2 отсто, со значајни негативни ризици. За несреќа на неодамнешните политички договор би можело негативно да влијае на расположение и економски раст. На среден рок, ова исто така може да го комплицира отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, која останува во ќор-сокак за девет години поради спорот за името со Грција. Покрај тоа, прелевање на ризиците од продолжената и длабоката криза во Грција може да натежнат на надолниот раст значително.
Фискалниот политички простор во голема мера е исцрпена од 2008. Влегувајќи во глобалната финансиска криза со една од најниските стапки на јавниот долг кон БДП споредбено со европските земји во развој РМ се снајде добро, но долгот на јавниот сектор од тогаш речиси двојно се зголеми достигнувајќи 43,3 отсто од БДП во 2014 година. Во 2014 год., фискалниот дефицит се прошири на 4,2 отсто од БДП и главно се должи на недостигот во двете неданочни и капитални приходи.
Целиот извештај ТУКА
