Мајли Сајрус: Излегувам на состаноци, но не сум во врска

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Мајли Сајрус сподели во новиот број на магазинот ELLE, Велика Британија дека во моментов нема сериозна врска, но дека излегува по состаноци.47b22d299d0badfbf015ea73700796be

Пејачката неодамна ги шокираше фановите кога започна врска со жена, а во исто време се јавува сè почесто како активист за правата на хомосексуалците.

22-годишната Мајли тврди дека сака да го направи светот толерантен и дека таа самата не може, а и не сака да утврди дали е хетеро, би или хомосексуална.

Скандалозната американска поп ѕвезда ја краси насловната на октомврискиот број на модниот магазин, а внатре дава детално интервју.

Еве и неколку извадоци од интервјуто :

За гласините дека има девојка и дека тоа е моделот Стела Максвел: “Јас имам 22 години и одам по состаноци со различни луѓе, а го менувам мислењето на секои две недели. Јас самата се менувам постојано. Не можам да кажам каква сум – хетеро, би или хомосексуална, но сум многу отворена во однос на својата сексуалност. Можам само да кажам дека во моментов немам сериозна врска. ”

За тоа дека не се зема премногу сериозно: “Јас бев многу загрижена од фактот дека ми платија огромна сума пари, за тресам задник во костум на мече. Не би требало да ме плаќаат толку многу додека има луѓе кои живеат на улица. ”

За половите: “Јас обрнувам внимание на она што луѓето го имаат направено како работа, а не гледам дали тие се мажи или жени. Самата јас сум многу поинаква и ги поправам повеќето мажи на моја возраст, но тоа не ме прави момче. Можам да носам розов фустан, ако сакам да се чувствувам слатка, а друг пат можам да облечам дрес за хокеј и да се спојам со мажите на мразот. ”

За политиката: “Не можам да бидам Обама. Има премногу идиоти во политиката и јас имам неподносливост кон неа. Проблемот со политиката е дека се управува од старци. Мислам дека во политиката треба да има повеќе жени. ”

Видете ги последните фотографии на Miley во галеријата.